19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ"Најдобри автомобили за 2017 година" - две победи за Audi

“Најдобри автомобили за 2017 година” – две победи за Audi

Audi A3 Sportback

Audi A1 и Audi A3 триумфираат на натпреварот на „auto motor und sport”

Audi понесе дома две награди од натпреварот „Најдобар Автомобил за 2017 година”. Во силна конкуренција Audi А1 триумфираше во категоријата “мал автомобил” според истражувањето направено помеѓу читателите на популарното списание „auto motor und sport”, додека пак  Audi А3 го освои првото место во категоријата „компактен автомобил”. Церемонијата на доделувањето се одржа во Штутгарт, Германија.

Audi A3 Sportback

Руперт Штадлер, претседател на одборот на AUDI AG изјави: „Двојната победа на натпреварот „Најдобри Автомобили за 2017 година“ ни дава силен поттик за оваа година. Овој успех покажува дека ентузијазмот за нашите автомобили и понатаму е на високо ниво. Ова ни дава доверба на нашиот пат кон иднината”. Дитмар Фогенрајтер, член на одбор за продажба и маркетинг во AUDI AG, изјави: А1 и А3 ги нудат сите позитивни особини на Audi во компактната класа. Со овој рецепт за успех и двата модели постојано ги зголемуваат продажните резултати. Ние очекуваме побарувачката за премиум градските автомобили и понатаму да расте. ”

Audi at the 2015 Wörthersee

„Аuto motor und sport” по 41 пат ги доделува престижните награди. Читателите на познатото списание избираа помеѓу 378 модели во единаесет категории. Во категоријата “мал автомобил”, дури 20,7% од читателите го избра Audi А1, а 17,1% одлучија Audi A3 да биде на врвот во категоријата компактни автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП