17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова стратегија за инфраструктура на просторни податоци корисна при елементарни непогоди

Нова стратегија за инфраструктура на просторни податоци корисна при елементарни непогоди

kata003

Податоци од повеќе области, за катастарски парцели, просторно планирање, сообраќајна инфраструктура, статистика, хидрографија, заштитени еколошки зони, ќе бидат стандардизирани и достапни преку националниот геопортал, во следните две години.

Пристапот до нив ќе биде побрз и полесен за граѓаните, компаниите и институциите. Особено ќе бидат корисни во случај на елементарани непогоди, но и за планирање инвестиции и други потреби на бизнисот.

Со новата двегодишна стратегија за национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП) што ја претстави денеска Катастарот, до 2019 година Македонија треба да добие веродостојни и стандардизирани геопросторни податоци од 32 области.

Во активностите на стратегијата, изработена со помош на холандски експерти, се вклучени 18 државни институции, Стопанската комора на Македонија и Сојузот на стопански комори.

Според директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, ќе се олесни пристапот, споделувањето, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани просторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин. Целта е да се одговори на потребите на приватниот и јавниот сектор и на граѓаните, а со тоа да се придонесе за економски раст и одржлив развој на државата.

Заменик-амбасадорот на Холандија Андри ван Макс и проект менаџерот Паола Дијкестра најавија продолжување на поддршката за македонскиот катастар за натамошно подобрување на услугите за граѓаните и бизнисот.

„За граѓаните и компаниите е важно да имаат пристап до овие податоци или кој било регистар на податоци, како и за инвестиците и бизнисот. Многу е важно да има добри катастарски мапи за делување во случај на поплави, земјотрес и други катастрофи. Мапите и овие податоци им помагаат на државните институции за просторно планирање и за развој на инфраструктурите, но и луѓето да имаат увид и да ги бранат имотните права“, рече заменик амбасадорот Макс.

Новата стратегија треба да биде усвоена од Советот на НИПП и од новата влада.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП