25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо речиси 5 години негативни каматни стапки, Данците стануваат побогати

По речиси 5 години негативни каматни стапки, Данците стануваат побогати

dancite 0001

По речиси пет години негативни каматни стапки, домаќинствата во Данска се побогати од било кога. Данците активно ги депонираат парите во банките и според податоците на централната банка тие растат до 812,3 милијарди круни (117,1 милијарди долари) во декември.

Според комерцијалната банка „Nykredit“ тоа е највисокото ниво за последните 16 години, во кои се води таква статистика. Сумата е рекордна, и кога ќе се прилагоди спрема инфлацијата и сезонските фактори, пишува „Bloomberg“.

„Данците се радуваат на импресивни зголемувања во реалните плати“, вели Торе Страмер, главен економист во „Nycredit“. Според него негативните каматни стапки (депозитна стапка во износ од -0,65%) се совпаднаа со одржливиот раст на вработеноста и процутот на станбениот пазар. Покрај тоа комерцијалните банки се воздржаа да ги пренесуваат негативните каматни стапки кон клиентите.

dancite 0002

Според Страмер секој Данец – маж, жена, дете и бебе – има еквивалент на 21.000 долари во депозит.

„Гледаме попатни ветрови за домаќинствата, па Данците ја зголемуваат потрошувачката и ја намалуваат задолженоста и ја зголемуваат благосостојба“, додава тој.

Постојат дури сигнали дека поради рекордните нивоа на благосостојба, Данците почнуваат да го намалуваат соодносот меѓу долгот и еднократните приходи што во Данска е највисока меѓу богатите економии. За прв пат од 2009-та година процентот на сопствениците на куќи кои ја исплаќаат главницата за хипотеката, е поголем од оној на луѓето кои се уште ја отплаќаат само каматата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП