среда, 1 февруари 2023
ПочетнаКОМПАНИИTesco го презема Booker за 4,6 млрд долари

Tesco го презема Booker за 4,6 млрд долари

GLASGOW, SCOTLAND - OCTOBER 23: A general view of a Tesco supermarket on October 23, 2014 in Glasgow, Scotland.Tesco one of Britains biggest supermarkets has announced a 91.9% plunge in pre-tax profits to ?112 million for the first half of the year. (Photo by Jeff J Mitchell/Getty Images)

Водечкиот британски синџир на супер маркети Tesco за околу 3,7 милијарди фунти или 4,6 милијарди долари ќе го превземе големиот трговец со храна Booker, која снабдува ресторани, барови и продавници, што е најголема аквизација која досега ја склопил главниот извршен директор Дејв Луис.

Инвеститорите на Booker ќе добијатдел од 0,861 Tescо и 42,6 пени во готово по акција што ја имаат во Booker, соопштија од британскиот синџир на маркети. Понудената цена претставува премија од 12 отсто за акциите на Booker, кои во последните денови на тргување достигнаа ниво од 205.3 пени.

Акционерите на Booker во комбинираната компанија ќе имаат удел од околу 16 отсто, кога Tesco ќе ја превземе британската веледрогерија. Во Tesco се очекува годишната заработка пред оданочување од овие синергии да донесе најмалку 200 милиони фунти во рок од три години од денот на трансакцијата, и ќе донесе заштеда од најмалку 175 милиони фунти.

Ова е прва голема аквизиција на Дејв Луис, долгогодишен директор на Unilever, која на крајот на 2014 година се пресели во Tesco за да ја спаси компанијата од кризата. Tesco го изгуби уделот на пазарот со конкурентните синџири како Aldi и Lidl, и се уште се опоравува од сметководствениот скандал вреден повеќе милиони фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП