22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија е на прво место во светот по извоз на пченица

Русија е на прво место во светот по извоз на пченица

pcenica 0033

Русија го зазема првото место во светот по извоз на пченица во текот на 2016-та година, пишува „Известија“ повикувајќи се на податоци на државниот Руски центар за извоз.

Во последните децении најголеми извозници беа САД и Канада, информира весникот.

Во 2016-та година извозот на пченица од Русија достигна 25 милиони тони, или со 14% повеќе во споредба со 2015-та година.

Според експертите од центарот, САД имала извоз на околу 24 милиони тони, а Канада и Австралија – по 20 милиони тони.

Експортот на Франција и Украина бил 18 милиони тони.

Најголемиот купувач на руска пченица традиционално е Египет. Испораките во оваа насока, по оценка на Рускиот центар за извоз достигна 5,7 милиони тони – повеќе од половина од увозот на пченица во земјата.

Значајни количини се доставени во над 70 земји, меѓу кои: Турција, Бангладеш, Нигерија, Азербејџан, Јемен, Судан, Иран, Мароко, Јужна Африка и Либан.

„Известија“ потсетува дека во аграрната 2015-та година извозот на пченица достигна 21,2 милиони тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП