29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПорасна невработеноста во Црна Гора

Порасна невработеноста во Црна Гора

podgorica1

Стапката на невработеност во Црна Гора во јануари изнесува 21,5 проценти, што е за 4,2 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година, покажуваат податоците на Црногорскиот завод за вработување.

Во Црна Гора, според податоците на Заводот на ден 16 јануари, биле регистрирани 49.850 невработени лица.

На крајот на декември минатата година стапката на невработеност била 21,13 проценти.

Најголема стапка од 32,7 проценти е забележана во јули 2000 година, додека најниската била во август 2009 година, 10,1 проценти.

Заводот од почетокот на годината евидентираше 93 нововработени лица, додека биле огласени 306 слободни работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП