Најмоќниот член на семејството „Serieѕ 3“ претрпе мали стилски промени.
„BMW“ во средината на јануари, во рамките на редизајнирањето на „Serieѕ 4“, го претстави освеженото спортско купе „M4“. Сега на ред дојде и моделот „BMW M3“.
Промените во надворешноста на автомобилот се минимални и практично се сведуваат на новите фарови со „LED“ технологија.
Како и во случајот со „BMW M4“, погонcките единици останаа исти. Под хаубата и натаму се наоѓа шестцилиндарски 3.0-литарски „twin-turbo“ со 431 ks (317 kW) и најголем вртежен момент од 550 Nm.
Во пар со шестбрзинскиот мануелен менувач, „BMW M3“ oд 0 дo 100 km/h стигнува за 4,3 секунди, додека во комбинација со изборниот седумстепен автоматски менувач со двојно квачило, истото забрзување се постигнува за 4,1 секунди.