2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономистите очекуваат еврото да пропадне во следните 18 месеци

Економистите очекуваат еврото да пропадне во следните 18 месеци

Viele Euro Geldscheine

Главниот кандидат на Доналд Трамп за амбасадор во Европската Унија, Теодор Рузвелт Малох, изјави дека единствената валута на еврозоната „би можела да доживее крах“ во следните 18 месеци.

Во интервју за „ВВС“, Малох изјави дека оваа година ќе биде годината во која еврото ќе пропаѓа на светскиот пазар на валути и дека до средината на идната година, целосно ќе го снема.

„Јас не сум единствениот човек или економист со ваков став. Истакнати личности како нобеловецот Џозеф Стиглиц, економист на Светската банка, напиша цела книга на оваа тема“, рече Малох.

Според него, Вашингтон и Лондон би можеле да постигнат договор за слободна трговија во рок од 90 дена по британското активирање на Членот 50 за напуштање на ЕУ.

САД очекуваат „чист“ Брегзит од Британија. Откако Лондон ќе го напушти заедничкиот пазар, ќе може да ги одмине „бирократите во Брисел“ и да потпише трговски договор со САД, истакна тој.

Изјавата на Теодор Рузвелт Малох кој беше ангажиран и како функционер на САД во ОН во Женева, доаѓа пред средба на британскиот премиер Тереза Меј со американскиот претседател Трамп, во Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП