9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБез изненадувања на Македонската берза за хартии од вредност

Без изненадувања на Македонската берза за хартии од вредност

mk berzat99

Овој трговски четврток, прометот на МСЕ значително се намали во споредба со првите три трговски дена седмицава, што, пак, е враќање на просечно дневното ниво на остварен промет.

Денот беше завршен со вкупен промет од околу 5,5 милиони денари, а реализирани беа 68 трансакции. Обврзниците беа отсутни од пазарот, за сметка на 16 акции кои беа во фокус на интересот на инвеститорите.

Најголем промет остварија акцијата на Kомерцијална банка (1,8 милиони денари) и акцијата на Макпетрол (1,2 милиони денари), додека со останатите се оствари скромен промет.

Поголемо колиечство на акции беа истргувани со хатијата на Уготур Скопје, односно 38.207 лота, чија просечна цена изнесува 7,00 денари по акција.

МБИ10 забележа пад на вредноста од 0,36 отсто и го заврши денот на 2.223,60 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП