6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв новинарски стартап натпревар во Македонија

Прв новинарски стартап натпревар во Македонија

bbb

Првиот Новинарски стартап натпревар е тридневен настан кој ќе се одржи овој викенд, од 27 до 29 јануари во просториите на Сеавус инкубаторот во Скопје. Фондацијата за дебата и едукација ИДЕА Југоисточна Европа Скопје е носител на проектот, а партнер е Сеавус инкубатор.

Целната група на Новинарскиот Стартап Натпревар се новинари, граѓански активисти, програмери, ескперти за гејмификација и графички дизајнери кои ќе работат во тимови со цел да создадат интерактивна новинарска содржина. Се очекува овие проекти да имаат дополнителна вредност на општествена одговорност.

На конкурсот за овој триденвен натпревар се пријавија 53 заинтересираните поедници кои ќе можат во текот на викендот подобро да се запознаат и да формираат тимови, согласно замислените проекти и начин на изработка.

Овие тимови ќе работат на изработка на идеи во три категории. Првата е дигитално раскажување, каде се очекува учесници да изработат новинарска сторија која користи текст, фотографија и видео за јавно презентирање преку веб-сајт. Пријавените во оваа категорија ќе бидат должни да напишат сторија која преку користење на текст, фотографија и видео ќе биде соодветна за јавна презентација. Во оваа категорија ќе има три награди, од по 1000 долари во бруто износ.

Втората категорија е интерактивна он-лајн игра. Во оваа категорија се очекува да се направи
новинарска сторија преточена во on-line игра за јавно презентирање преку веб-сајт. Кандидатите ќе бидат должни да креираат новинарска сторија чија презентација ќе биде се заснова на он-лајн игра. Во оваа категорија ќе има две награди, од по 2000 долари во бруто износ.

Развивање новинарски алатки е третата категорија. Пријавените во оваа категорија ќе бидат должни да измислат односно да развијат алатка која во иднина ќе им помага на новинарите во пишувањето на нивните новинарски стории. Во оваа категорија ќе има една награда од 5000 долари во бруто износ.

Датум на испорака на производите е 30 јуни 2017 година.

Натпреварот ќе биде во форма на хакатон односно два дена учесниците ќе ги разработуваат идеите и ќе се формираат тимовите, а третиот ден, пред жири ќе се презентираат идеите. Жирито ќе одлучи кој ќе биде победник во трите категории од овој натпревар.

Новинарските стории и проекти ќе бидат јавно објавени на on-line платформата одржувана од страна на Фондацијата за дебата и едукација Идеа Југоисточна Европа Скопје – http://www.storyincubator.mk/ .

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП