26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMercedes E Сlasѕ Coupe започна да се произведува во Бремен

Mercedes E Сlasѕ Coupe започна да се произведува во Бремен

kupne 00

По седанот, каравано и крос моделот „All Terrain“, „Mercedes“ стартуваше со производство на уште еден автомобил од „E Сlasѕ“. Купе верзијата тргнува низ светот само неколку дена по светската премиера која се одржа на саемот во Детроит.

Со должина од 4.826 mm, новиот модел е подолг за 123 mm oд претходната генерација на „E Сlasѕ Coupe“, додека ширината на автомобилот е зголемена за 74 mm и сега изнесува 1.860 mm. Поголема е и висината на возилото (1.430 mm), и тоа за 32 mm.

kupne 01

Меѓуосовинското растојание порасна за 113 mm, нa 2.873 mm, па така новата „E Сlasѕ Coupe“ нуди поголем простор за 4 возрасни патници во кабината, отколку претходно.

Кога станува збор за дизајнот на внатрешноста, „E Сlasѕ Coupe“ главно се потпира на ентериерот на седанот, со различни вентилациски отвори. Наместо класичните инструменти кои ги имала претходната верзија, а тука е 12,3 инчниот дисплеј кој го видовме на неколку модели на „Mercedes“ од најновите генерации.

Во почетокот на купувачите ќе им бидат на располагање 4 верзии – три бензински и еден дизел. Основниот бензинец, „Mercedes E200“ има 2.0-литарски четирицилиндарски мотор кој развива 184 ks (135 kW) и 300 Nm максимален вртенжен момент.

kupne 02

Моделот „E300“ под хаубата има бензински мотор со иста зафатнина, но со 245 ks (180 kW) и 370 Nm, a во врвот се наоѓа „Mercedes E400 4Matic“ со 3.0-литарски „V6 bi-turbo“ агрегат со моќ од 333 ks (245 kW), додека максималниот вртежен моменет е 480 Nm. Најслабиот бензинец oд 0 дo 100 km/h забрзува за 7,8 секунди, а „E300“ до „стотка“ доаѓа за 6,4 секунди, a „E400 4Matic“ зa 5,3 секунди.

Што се однесува до дизелот, на купувачите им е достапен „E220d“, кој под хаубата има четирицилиндарски 2.0-литарски со 194 ks (143 kW) и 400 Nm. Од место до 100 km/h „E220d“ стигнува за 7,4 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП