4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкок на доларот, раст и на азиските берзи

Скок на доларот, раст и на азиските берзи

aziski-berzi

На азиските берзи, во четвртокот, цените на акциите достигнаа највисоко ниво во три ипол месеци, што се должи на рекордите на Волстрит, додека доларот е под притисок од протекционистичките најави на претседателот на САД, Доналд Трамп.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7:30 часот беше во плус од 1,5 отсто, додека цените на акциите во Шангај, Сингапур, Јужна Кореја и Хонг Конг се зголемија за помеѓу 0,1 и 1,3 отсто.

Како резултат на тоа, индексот MSCI индексот на азиско-пацифичките акции без од јапонските во 7:30 часот беше во добивка од 0,7 отсто што е највисоко ниво од 11 октомври.

Азиски инвеститори беа охрабрени од вчерашните нови рекорди на индексите на Волстрит, каде Dow Jones за прв пат во историјата се искачи над нивото од 20.000 поени.

Тоа е благодарение на солидните кварталните резултати од работењето на голем број на компании. Од 104 компании во индексот S&P 500, кои ги објавија извештаите и речиси 70 отсто од нив постигнале повисоки приходи отколку што се очекуваше.

Јапонскиот Nikkei индекс забележа скок за повеќе од 1,5 отсто, и покрај силниот курс на јенот во однос на доларот.

“Доброто расположение на пазарите главно се должи на силната изведба на Волстрит, а инвеститорите се позитивни што се должи на добрата деловна успешност на јапонските компании, особено производителите на машините”, рече Такуја Такахаши, стратег во фирмата Daiwa за Daiwa Securities.

Позитивно влијание на пазарот има и растит на цената на нафтата, откако вчера забележа пад од 0,8 отсто. Утрово цената за барел на берзата во Лондон се зголеми за 0,9 отсто, на 55,57 долари. На американскиот пазар цената за барел, исто така се зголеми за 0,9 отсто, на 53,20 долари.

На девизните пазари доларот е под притисок, бидејќи инвеститорите се повеќе се фокусирани на протекционистички најави на претседателот Трамп, а не на неговите стимулативни економски мерки, кои ја поддржуваат берзата.

Тоа е причината зошто ова утро индексот на доларот, што ја покажува вредноста на американската валута во однос со шесте големи светски валути, падна на 99,79 бодови, што е најниско ниво во последните седум недели. Уште на почетокот на оваа година се движи во опсег од 104 бодови, што е највисоко ниво во последните 14 години.

Ова утро, девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута се движи околу 113,40 јени, додека вчера во овој момент изнесуваше 113,60 јени.

Американската валута бележи пад во однос на европската, па рака цената на еврото достигна 1,0750 долари.

Вредноста на доларот бележи пад и во однос на британската фунта, која во последните неколку дена е посилна благодарение на излезот на Велика Британија од Европската.

Ова утро, курсот на фунтата достигна ниво од 1,2655 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,2525 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП