9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната успеа, активноста сепак стабилна

Еврозоната успеа, активноста сепак стабилна

13948865645888f08d2adac709415596_w640

Деловната активност во eврозоната во јануари беше стабилна, откако силните перспективи и растот на вработувањето и се спротивставија на политичката неизвесност.

Тоа го покажаа објавените податоци на истражувачката лондонска компанија IHS Markit.

Индексот на менаџерите за набавка (PMI) за еврозоната во јануари изнесуваше 54,3 поени, што е благо пониско од 54,4 поени од декември, соопшти Markit, а пренесува агенцијата Франс прес.

Секој податок над 50 поени укажува на зајакнување на економијата, а под 50 поени на нејзино забавување.

Преработувачкиот сектор, како што е соопштено, во јануари забележа најдобри резултати од април 2011 година, а најновите податоци сугерираат дека економскиот раст на еврозоната би можел да изнесува 0,4 проценти во првите три месеци од 2017 година, благодарение на слабото евро и поттикнувачката програма на Европската централна банка без преседан, порачуваат од Markit.

Главниот економист на Markit Крис Вилијамсон изјави дека можеби најмногу охрабрува пресвртот во вработувањето, бидејќи во јануари е забележан најголемиот месечен раст на вработувањето во девет години по растечкиот оптимизам во поглед на 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП