18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас категоричен: Ниту една мерка повеќе

Ципрас категоричен: Ниту една мерка повеќе

Alexis_Tsipras_Greece_crisis

Грција нема да усвои ниту една дополнителна мерка за штедење од оние кои веќе ги договори во склоп на меѓународниот пакет помош, пренесува Ројтерс.

„Категорично кажавме дека нема да усвоиме дополнителни мерки дури ниту за едно евро повеќе средства во буџетот од она што е договорено во склоп на пакетот помош, а особено не во периодот по завршувањето на програмата“, изјави Ципрас.

„Било какво барање за усвојување на дополнителни мерки, со елемент на условување, не само што е во спротивност со Уставот на Грција, туку и со правилата на демократијата“, нагласи тој.

Ревизијата на реформите кои официјална Атина мора да ги спроведе во рамките на пакетот помош е моментално во застој поради несогласувањата на грчките кредитори околу фискалните цели на Атина, како и реформите на работното законодавство и енергетика.

Грција во 2015 година потпиша кредитен аранжман вреден 86 милијарди евра, трет од 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП