22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочетокот на крајот на биткоинот? Му воведуваат провизија

Почетокот на крајот на биткоинот? Му воведуваат провизија

7956022245889a64dbbb65207615187_w640

BTCC, Huobi и OkCoin, кои се трите најголеми кинески платформи за тргување со виртуелната банкнота објавија планови за да започнат со наплата на провизија од 0,2 отсто од вредноста на транскациите, без разлика на износот.

И покрај овие вести во Кина, цената на биткоинот во последните два дена е стабилна. Со биткоинот на берзите се тргува по цена од 890 до 900 долари.

Во соопштението стои дека оваа одлука дополнително би ја намалило пазарната манипулација и екстремната нестабилност на цената на биткоинот.

Одлуката за наплата на провизија сега за сега не влијае на цената на биткоинот, но влијае на неговото тргување. По одлуката, трите кинески платформи пријавиле значајно помал промет.

Вредноста на биткоинот на почетокот на 2017 година порасна за 20 отсто, достигнувајќи ниво од 1.130 долари, но откако кинеските власти пратија инспекциски тимови на големите платформи за тргување со биткоин, вредноста на валутата забележа пад од скоро 35 отсто. Минатата недела биткоинот успеа да се опорави на стабилни 880 до 900 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП