Мексико нема да плаќа за граничниот ѕид на Доналд Трамп, изјави претседателот Енрике Пена Нието во своето обраќање до нацијата.
Тој рече дека жали за плановите за изградба на бариера, додавајќи дека Мексико не верува во ѕидови, пренесува BBC.
Но, тој во говорот не спомна откажување или одложување на неговата посета на Вашингтон на 31 јануари кога треба да се сретне со новиот американски претседател Доналд Трамп.
Трамп потпиша извршна наредба за „непроодна физичка бариера“ и инсистираше на тоа и Мексико да обезбеди финансиски средства за изградбата.
Мексиканскиот претседател, во телевизиското обраќање нагласи „Веќе сум кажал и ќе повторам: Мексико нема да издвои пари за никаков ѕид.“
„Јас жалам и ја осудувам одлуката на САД да продолжи со изградба на ѕид, кој што со години не двои наместо да не обединува.“