8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSantander со поголем раст на добивката од очекуваниот

Santander со поголем раст на добивката од очекуваниот

A sign hangs from a branch of Banco Santander in London, U.K., on Wednesday, Feb. 3, 2010. Banco Santander announce FY earnings tomorrow. Photographer: Simon Dawson/Bloomberg via Getty Images

Шпанскиот банкарски гигант Santander оствари раст на нето добивката од 4 проценти во 2016 година, на 6,2 милијарди евра, но Brexit му ја нагриза заработката во Британија за 15 проценти.

Деловниот резултат на „Santander“ ги надмина очекувањата на аналитичарите кои во анкетата на агенцијата „FactSet предвидуваа нето профит од 6.0 милијарди евра“, пренесува агенцијата АФП.

Банката ја препишува добивката на силниот раст на приходите од надоместоците, кои „делумно ги ублажија негативните ефекти од слабеењето на одделни валути во однос на еврото“.

Британија беше водечкиот пазар за профит на „Santander“, но падот на добивката на британскиот пазар од 14,7 проценти, на 1,7 милијарди евра, ја турна таа земја на второто место, зад Бразил.

Лошиот резултат се препишува на „слабеењето на фунтата во однос на еврото по исходот на референдумот за членството во ЕУ“, како и на зголемувањето на даноците.

Уделот на Британија во вкупната добивка на банката пред оданочувањето изнеусва 20 проценти, во однос на уделот на со рецесија погодениот Бразил од 21 процент.

Акциите на Santander скокнаа за 4,4 проценти, додека главниот индекс на Мадридската берза зајакна за 1.65 проценти.

Santander е изедначен со француската банка BNP Pariba кога станува збор за најголемата банка во еврозоната по капитализацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП