12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрафик на денот: 2016-та e рекордна година за меѓународните туристи

График на денот: 2016-та e рекордна година за меѓународните туристи

tur isti309

Рекордни 1,23 милијарди меѓународни туристи посетиле барем за еден ден странска земја во 2016-та година, покажуваат податоците на Светската организација за туризам при ОН. Посетите сепак никако не се распределени рамномерно, коментира „Quartz“.

Бројот на меѓународните посетители во Европа, најпосетената дестинација од странски туристи, се зголемија за само 2% до 620 милиони луѓе, а во Западна Европа се забележува нулта раст.

Франција забележува особено слаби резултати во регионот, откако туристите ја одбегнуваат земјата поради трите големи терористички напади – две во Париз и еден во Ница – во рамките на една и пол година. Локалните претставници и бизнис лидери порано предупредија дека нападите може да влијаат на туризмот во земјата и податоците навистина покажуваат дека посетителите избираат други дестинации. Други земји во Европа, како Шпанија и Австрија, стануваат атрактивни за туристите.

Извештајот покажува дека помалите земји треба да изградат подобра туристичка инфраструктура, за да привлечат поголем број на посетители, како пример за тоа е вечниот фаворит Исланд. Земјата забележа раст од речиси 20% во ноќевањата за една вечер во хотелите и другите објекти за сместување, покажуваат податоците на ЕУ.

Азија, од друга страна, забележа раст на туризмот во целиот регион. 24 милиони, или 8%, биле туристите кои останале барем за ден во минатата година. Ова се должи на поголемиот интерес како кај меѓурегионалните патувања, така и кај туризмот од други делови на светот, вели ОН.

Бројот на меѓународните туристи кои пристигнаа на американските континенти, се зголеми за 8% до 201 милиони луѓе. Растот во Северна Америка, меѓутоа е на половина од ова темпо, делумно поради посилниот долар.

Други популарни дестинации ја вклучуваат Африка, каде што бројот на туристите е зголемен за 8% до 58 милиони, најмногу поради суб-сахарскиот регион.

Блискиот Исток сепак доживува тешкотии и бројот на посетителите е намален за 4% до 54 милиони меѓународни туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП