1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради нафтата шест американски држави во рецесија

Поради нафтата шест американски држави во рецесија

nafta

Падот на цените на нафтата кој се случи во изминатите неколку години влијаеше на тоа одделни американски сојузни држави произведувачи на нафта да се „лизнат“ во рецесија во 2016 година, соопшти агенцијата за кредитен рејтинг „Standard & Poor’s“.

Од осум американски нафтени држави опфатени со анализата на „S&P“, само две, Монтана и Тексас, успеале „за влакно“ да избегнат рецесија благодарение на благото забрзување на економскиот раст, пренесува агенцијата Франс прес.

Сепак, шест американски сојузни држави, Аљаска, Луизијана, Ново Мексико, Северна Дакота, Оклахома и Вајоминг, влегоа минатата година во рецесија и покрај неодамнешното закрепнување на цените на нафтата кое следеше по одлуката на Организацијата земји извознички на нафта (ОПЕК) да се намали производството.

„Сериозното намалување на експлоатацијата и производството во изминатите 18 месеци нанесе сериозна штета на економиите земји производители на нафта“, се наведува во извештајот на „S&P“.

Дури и доколку цените на нафтата повторно пораснат, производителите, како што оценува „S&P“, веројатно ќе ги обноват инвестициите во производството на нафта од јаглени шкрилци, што ќе изврши притисок на цените на тој енергент.

И покрај скорешното благо поскапување на нафтата, цените на лесната нафта WTI и понатака се двојно помали во однос на нивото од септември 2013 година, кога еден барел од овој вид на нафта ја надминал цената од 110 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП