Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, а на осојничавите места во западниот дел наместа со остатоци од кашест снег.
Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.