18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкцијата на Комерцијална банка ја проби цената над 3.000,00 денари по акција

Акцијата на Комерцијална банка ја проби цената над 3.000,00 денари по акција

македонска-берза

Оваа трговска среда, фокусот на инвеститорите насочен кон акцијата на Комерцијална банка со која се истргува поголема количина акции при што цената ја проби границата од 3.000,00 денари.

Вкупно 4.177 акции беа истргувани по просечна цена од 3.000,04 денари, што преставува вкупен промет од 12,5 милиони денари и пораст на цената од 0,54 посто.

Невообичаено висок промет имаше и со акцијата на Охридска банка (највисок гледано во период од 12 месеци). Вкупно беа истргувани 2.737 акции по просечна цена од 4.507,54 денари, со што според промет се позиционираше на второ место со 12,3 милиони денари.

Вчера имаше и една блок трансакција со акцијата на Скопски пазар (500 акции, 12.300,00 денари по акција).

Вкупниот промет изнесуваше 35.2 милиони денари реализиран преку 108 трансакции.

МБИ10 забележа раст на вредноста од 0,27 отсто и го заврши денот на 2.231,72 индексни поени, додека ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП