3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо повлекувањето од Голдман Сакс, Гари Кон ќе добие 100 млн долари...

По повлекувањето од Голдман Сакс, Гари Кон ќе добие 100 млн долари отпремнина

undefined (1)

Гери Кон, главниот оперативен директор на Голдман Сакс, ќе добие најмалку 100 милиони долари отпремнина пред да премине на новата функција во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Business Insider.

Кон ќе добие парична оштета од околу 65 милиони долари, се наведува во документот поднесен од страна на Голдман Сакс до Комисијата за хартии од вредност.

„На господинот Кон ќе му бидат исплатени во готово околу 47 милиони долари по основ бонуси и околу 18 милиони долари по други основи“, објави The Financial Times.

Истиот извор тврди дека Кон добил и дополнителна компензација во форма на „ограничени акции вредни 35 милиони долари. Голдамн
Сакс, исто така, ги укинала ограничувањата на вредноста на акции на Кон со вредност од 23 милиони долари.
По оданочување, сумата ќе изнесува околу 106 милиони долари..

Кон, кој во декември осоопшти дека го напушта Голдман за да стане економски советник во Белата куќа, беше принуден да се лиши од својот удел во акциите Голдман за да се избегне потенцијален конфликт на интереси.

Како и многу други високо-позиционирани директори и долгогодишни партнери на Голдман Сакс, Кон има инвестиции во приватни инвестициски фондови и хеџ фондови управувани од страна на банките на Волстрит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП