18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАМерил Стрип по 20-ти пат номинирана за Оскар

Мерил Стрип по 20-ти пат номинирана за Оскар

Meryl_Streep_has_responded_to_her_Oscar_nomination_with_the_perfect_gif

Мерил Стрип е номинирана во категоријата најдобра главна актерка за улогата во филмот „Флоренс Фостер Јенкинс“. Во филмот таа е богаташка од Њујорк која подоцна станува оперска пејачка иако не знае да пее.

Славната актерка досега беше номинирана 16 пати за најдобра главна женска улога и четири пати за споредна, а по бројот на номинации таа одамна постави рекорд, оставајќи ги зад себе Кетрин Хепберн и Џек Николсон, кои се номинирани 12 пати, како и Бет Дејвис и Лоренс Оливије.

Таа по повод 20-тата номинација на Твитер постави кратка видео снимка од еден од своите филмови на кој се гледа како игра од радост.

Мерил Стрип (67), многумина ја сметаат за најдобра актерка на генерацијата, исто така држи рекорд и со 30 номинации за Златен глобус, а на овогодинешната церемонија на доделување на ова признание таа доби награда за животно дело.

Нејзината повторна номинација за Оскар предизвика одушевување на социјланите мрежи, а многумина напишаа дека со ова го демантира тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека е „преценета“.

Стрип на доделувањето Златни глобуси го критикуваше Трамп, а потоа тој ја нарече „една од најпреценетите актерки во Холивуд“ и „слуги на Хилари Клинтон“.

Таа прв пат беше номинирана за Оскар во 1979 година, а досега има освоено три статуетки – за споредна женска улога во филмот „Крејмер против Крејмер“ (1980) и најдобра главна актерка во филмовите „Изборот на Софија“ (1983) и „Челична лејди“ (2012).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП