28 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да ги прочитате мислите на шефот?

Како да ги прочитате мислите на шефот?

shef1213

Сите понекогаш имаме желба да можеме да ги читаме туѓите мисли. На пример, за време на интервју за работа веројатно се прашувате дали оставате добар впечаток или досадувате.

Или кога на шефот му претставувате некоја своја идеја, се прашувате дали мисли дека сте брилијантни или пак паметни како вреќа полна со камења.

Кога би можеле да знаеме што мисли шефот за нас или клиентот и колегите, тоа би не поштедило од стресот и исчекувањето.

Она што може да ни помогне е читањето од невербални знаци:

1. Кога некому му се допаѓа она што го зборувате, ќе се навали малку нанапред или ќе си запишува.

2. Ако некој клима со главата додека зборувате, тоа е знак дека ве слуша. Ако вратот и главата се укочени, тоа значи дека личноста не е отворена за вашите коментари и мислење.

3. Широко отворените очи се знак дека личноста е заинтересирана за она што го зборувате.

4. Ако на интервју ви даваат доста време да одговорите на прашањето, тоа значи дека се оди како што треба. Ако ви упаѓаат во збор, тоа може да значи дека исходот нема да биде баш добар.

5. Кога усните се стиснати и ги грицка тоа значи дека личноста не е заинтересирана за вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП