18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија без права на билатерални договори

Британија без права на билатерални договори

britanija-eu

Британија може да разговара за билатерална трговија додека е членка на ЕУ, но не и да склучува договори, изјави вчера првиот потпретседател на Европската комисија Франс Тимерманс, кој го предводи техничкиот дел од преговорите за излез на Лондон од блокот.

Аналитичарите оценуваат дека зборовите на Тимерманс укажуваат на можни препреки за планот на Британија да преговара за трговски договор со САД и други земји додека се подготвува за излез од блокот.

Британската премиерка Тереза Меј вети дека ќе го започне процесот за излез од ЕУ до крајот на март.

Заменик премиерот на Малта и министер за Европа Луис Грех претходно изјави дека Британија ги известила другите земји на ЕУ дека ќе се придржува до временскиот рок за покренување на Членот 50 за излез од блокот.

„Тоа е многу едноставна правна ситуација. Секој може да разговара со секого, но трговските договори со трети земји можете да ги имате само по излезот од ЕУ“, изјави Тимерманс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП