3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЈа подигнаа каматната стапка за да и помогнат на лирата, таа повторно...

Ја подигнаа каматната стапка за да и помогнат на лирата, таа повторно падна

lira-tr-33

Централната банка на Турција ја зголеми каматната стапка за кредити кои се одобруваат за една ноќ за 75 базични поени.

Ова е најновиот во серијата потези со цел да и се помогне на ослабената лира, која загуби една четвртина од својата вредност во однос на доларот во изминатите години.

Комитетот на банка за монетарната политика соопшти дека каматната стапка за кредити за една коќ е зголемена на 9,25 отсто од 8,5 отсто, што е второ зголемување на каматата од ноември минатата година.

Еднонеделната REPO стапка, сепак го задржа нивото од 8,0 отсто.

Со оглед на тоа дека пазарите очекува уште поголемо зголемување на каматните стапки, лирата по објавувањето на веста од банка изгуби 1,25 отсто од својата вредност во однос на доларот, паѓајки на 3,8 лири за долар.

Лирата во оваа година бележи пад од 8 отсто, по двоцифрениот пад во 2015 година и 2016 година, додека инвеститорите се загрижени за политичката несигурност во земјата и забавување на турската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП