6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтопанската комора на Македонија и Србија апелираат владите да не ги рушат...

Стопанската комора на Македонија и Србија апелираат владите да не ги рушат добрите економски односи

st

Претседателите на стопанските комори на Македонија и Србија ги повикаа владите на двете земји да направат се што е потребно да не се нарушуваат добрососедските односи, се вели во соопштението после работниот состанок на претседателите на стопанските комори Бранко Азески и Марко Чадеж.

На состанокот во Скопје е оценето дека економската соработка помеѓу Македонија и Србија треба да биде пред политиката.

Двете страни истаканаа дека негувањето на добри политички односи е услов за да се отстранат другите препреки за зголемување на билатералната трговска размена и заеднички инвестициски активности.

ВО последните пет години, обемот на трговска размена помеѓу Србија и Македонија надминува 600 милиони евра годишно, со тенденција за понатамошно зголемување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП