3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлок трансакцијата на Градинар Свети Николе го „набилда“ прометот на МСЕ

Блок трансакцијата на Градинар Свети Николе го „набилда“ прометот на МСЕ

berza

Трговскиот ден во вторникот беше отворен со блок трансакција со акцијата на Градинар Свети Николе, преку која се истргуваа вкупно 71.463 лота по цена од 340,00 денари.

Со тоа со оваа акција беше остварен промет од 24 милиони денари. Последен пат беше тргувано со оваа акција на 24.08.2016 година, и тоа по цена од 150,00 денари по акција.

Уште една блок трансакција беше реализирана вчера, и тоа со акцијата на Фершпед. Беа истргувани вкупно 111 акции по цена од 41.800,00 денари.

РМДЕН09 втор ден во низа е најтргувана обврзница и, исто како, и претходниот трговски ден, во вторникот преку неколку последователни трансакции се истргуваа 250.000 лота по просечна цена од 95,58 проценти, што преставува пад на вредноста од 0,21 отсто.

Трговскиот ден заврши со вкупен промет од 53,3 милиони денари, и вкупно 96 реализирани трансакции.

МБИ10 забележа раст на вредноста од 0,16 отсто и го заврши денот на 2.225,60 индексни поени, додека ОМБ ја зголеми врендоста за 0,40 проценти или вкупно 128,41 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП