28 март, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗлатна паста: Направете моќен лек кој ќе ги победи грипот, настинката и...

Златна паста: Направете моќен лек кој ќе ги победи грипот, настинката и воспалението

61320544-kurkuma-maslinovo-ulje-pasta-lijek

Грипот и настинката и понатаму владеат, а доколку се борите со нив или сакате превентивно да се заштитите, добро ќе направите ако во својата исхрана додадете „златна паста“ која помага при секој воспалителен процес. Оваа моќна паста многу лесно можете да ја направите самите дома.

Главната состојка на „златната паста“ е куркумата, суперзачин со анти-воспалителни, антиоксидативни и детоксикациски својства. Позната е и како природно средство против болки. Со оглед на тоа што нашето тело тешко ја апсорбира куркумата, во „златната паста“ секако додадете масло и бибер кои ќе помогнат во апсорпцијата на зачинот.

Состојки за „златната паста“:

– 125 милилитри куркума во прав

– 250 милилитри вода

-1 и пол лажичка мелен црн пипер

– 70 милилитри девствено маслиново или кокосово масло

Постапка:

1. Во вода додадете ја куркумата и ставете ја на тивок оган и мешајте додека не добиете густа паста, што може да трае 6 до 10 минути.

2. Доколку ви се чини дека пастата е многу ретка, додадете уште куркума, а ако ви се чини дека е многу густа, додадете вода. Пастата цело време мора да биде на тивок оган и не смее да искипе бидејќи состојките ќе ги изгубат своите лековити својства.

golden_latte_gram_2-660x400

3. На крајот додадете бибер и масло. Продолжете да мешате за сите состојки добро да се поврзат.

4. Тргнете ја пастата од огнот и оставете ја да се олади. Пастата можете да ја чувате во стаклен сад и да ја чувате во фрижидер каде што може да седи до 2 недели, бидејќи нејзината ефикасност се намалува после тоа време.

Како да ја користите „златната паста“?

– Ако се користи како додаток на јадења, „златната паста“ додадете ја на крајот од готвењето за хранливите својства да останат максимално зачувани.

– Можете да ја користите и како чај, така што во топла вода ќе ставите една лажичка од пастат и ќе засладите со мед.

– Таа е одлична како додаток на сосовите.

– Лажичка од пастата додадете во супа од зеленчук, чорба или крем супа

– Лажичка од пастата додадете во варениот ориз или зеленчук и подобрете го вкусот.

– Малку паста додадете во топло млеко и уживајте во својот „златен пијалок“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП