4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната нето плата во ноември 22.380 денари

Просечната нето плата во ноември 22.380 денари

denarii13

Просечната месечна нето исплатена плата во ноември минатата година изнесувала 22.380 денари и е за 1,8 проценти повисока во споредба со истиот месец од 2015 година, додека просечната бруто плата изнесувала 32.877 денари или за 1,9 проценти повисока во однос на претходната година. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.8.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.5%), Уметност, забава и рекреација (8.0%) и Градежништво (7.3%).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5.1%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.8%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.2%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2016, изнесува 22 380 денари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година, изнесува 101.9.

Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Рударство и вадење на камен (10.6%), Градежништво (8.0%) и Уметност, забава и рекреација (7.7%).

Намалување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4.8%), Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3.9%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (3.4%).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во ноември 2016 изнесува 32 877 денари.

Во ноември 2016 година, 1.4% од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП