3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеверната трибина на градскиот стадион во Штип ќе добие покрив

Северната трибина на градскиот стадион во Штип ќе добие покрив

stad11234-696x463

Општина Штип распиша тендер за покривање на северната трибина на градскиот стадион. За оваа намена се предвидени средства во висина од 4.454.250 денари (без вклучен ДДВ) или над 5.2 милиона денари со ДДВ.

Заинтересираните кандидати имаат можност во рок од 20 дена да достават документација и предлог понуда по што ќе следи електронска аукција. Потенцијалниот изведувач ќе треба да го реализира веќе изготвениот проект за покривање на северната трибина на градскиот стадион во Штип.

Ова е нова инвестиција на градскиот стадион, откако претходно локалната самоуправа постави комплетно нова дренажа за теренот, и ја асфалтираше атлетската патека. Во соработка со ФФМ, поставени се и осум рефлектори со комплетно ново напојување за нив, и за прв пат во историјата можат да се играат вечерни натпревари на градски во Штип. Предвидено е и поставување на нови столчиња, и реконструкција на соблекувалните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП