9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдблокирани мерките за ублажување на долгот на Грција

Одблокирани мерките за ублажување на долгот на Грција

17638443805886329836bc9394062890_w640

Министрите за финансии на еврозонaта ги одблокираа мерките за ублажување на долгот на Грција, со што е отворен патот за намалување на учеството на јавниот долг во бруто домашниот производ на Грција.

„Одобрените мерки се важен чекор кон подобрувањe на одржливоста на грчкиот долг. Проценуваме дека по нивната целосна имплементација ќе дојде до вкупно намалување на учеството на јавниот долг во БДП за околу 20 процентни поени до 2060 година“, изјави претседателот на Европскиот стабилизационен механизам (ЕСМ) Клаус Реглинг, јавува агенцијата Ројтерс.

Тој кризен фонд на еврозоната во декември минатата година ги суспендираше споменатите мерки, откако грчкиот премиер Алексис Ципрас ја зголеми потрошувачка на пензии, што го доведе во прашање исполнувањето на обврските од меѓународниот пакет помош доделен на Атина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП