4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКатастарот ќе бара од Владата продолжување на рокот за елаборати за легализација

Катастарот ќе бара од Владата продолжување на рокот за елаборати за легализација

slave

Петнаесет илјади геодетски елаборати неопходни за комлетирање документација за легализација на дивоградби не се доставени до општините до истекот на законскиот рок на крајот на минатата година поради што Катастарот ќе побара продлжување на рокот.

Податоците од геодетските фирми покажуваат дека до крајот на декември лани 5.000 елаборати иако биле изготвени не биле подигнати од странките.

Десет илјади елаборати геодетските фирми не успеале да изработат затоа што барањата за нив биле поднесени пред истекот на рокот и немале доволно време. ­

Катастарот ќе ја информира Владата за ваквата состојба секако со барање за продолжување на рокот за доставување елаборати за да се даде простор овие 10.000 елаборати да можат приватните геодетски фирми да ги изработат за да бидат доставени, а 5.000 елаборати граѓаните да ги подигнат и да ги достават до општините, рече денеска на прес­конференција директорот на Катастарот Славче Трпески.

Од март 2011 година кога започна процесот на легализација заклучно со 31 декември лани геодетските фирми примиле 240.000 барања за изготвување елаборати. Од нив 225.000 се изработени и се подигнати од странките.

Рокот за поднесување елаборати истече за барањата од граѓаните за легализација поднесени во првиот рок за таа можност во 2011 година. Тогаш беа доставени над 360.000 барања, а досега во Катастарот се запишани 170.000 легализирани објекти.

Точната бројка на граѓаните кои воопшто не поднеле барања за изработка на елаборати, а побарале легализација, како што рече Трпески, ќе се знае откако ќе се вкрстат податоците на геодетските фирми и на општините.

Од поднесените 360.000 барања можно е да има двојни или со еден елаборат да се бара бидат опфатени повеќе објекти. Во дополнителниот рок за доставување барања за легализација на почетокот на минатата година беа доставени нови 80.000 барања. Тие треба да бидат комплетирани со геодетски елаборати до крајот на годинава.л

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП