12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвршниот директор на Etihad Аirways Group си заминува од компанијата

Извршниот директор на Etihad Аirways Group си заминува од компанијата

hogan-1024px_01

Компанијата Etihad Airways group, сопственик на Eithad Airways, денеска најави дека нејзиниот главен извршен директор, Џејмс Хоган си заминува од компанијата. Од компанија од Абу Даби не даваат причина за заминувањето на Џејмс Хоган за кој се бара замена.

Постојат шпекулации дека Хоган си оди поради спорните слабости Etihad да ја смени судбината на своите инвестициони партнери, кои се соочуваат со проблеми, какви што се Air Berlin и Alitalia.

Овие партнерства помагаат во зголемување на сообраќајната мрежа на Etihad, која се натпреварува против поголеми локални ривали како што се Emirates и Qatar Airways, но затоа Etihad е изложен на проблемите на компаниите што ги купи и за кои сега е делумно одговорен.

Etihad својот долгогодишен извршен дирекор Питер Баумагартнер минатата година го постави за извршен директор на самата авиокомпанија, што беше дел од поширокото реконструирање.

Хоган, кој претходно беше извршен директор и претседател на авиокомпанијата, стана претседател и извршен директор на компанијата Eithad Airways Grup.

Хоган, изјави дека е горд на авиокомпанијата која тој изградил и на нејзините повеќе од 26.000 вработени. Тој стана извршен директор на компанијата во 2006 година.

Etihad има 120 авиони, а нарачал уште 178. Компанијата во 2015 година пријави 103 милиони долари профит.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП