Британскиот Врховен суд во вторник пресуди дека премиерката Тереза Меј мора да добие одобрение од парламентот пред да покрене формално излегување на земјата од Европската унија(ЕУ), јави Reuters.
Судот го отфрли владиниот аргумент дека Меј може да ги искористи своите извршни овластувања и без согласност на парламентот да го активира членот 50 од Лисабонскиот договор на ЕИ и да го започне двегодишниот процес за напуштање на Унијата.