Најкористена електронска услуга на порталот на Фондот за здравствено осигурување е онаа за заверка на ортопедски помагала, која 31.015 осигуреници ја искористеле и поднеле документи преку матичните лекари и лекарите специјалисти по електронски пат.
„Придобивките од електронските услуги кои ги воведе Фондот за здравствено осигурување се бројни и за осигурениците и за фирмите и за здравствените работници, при што нема трошење на време и финансиски средства за да се оди до подрачната служба на Фондот“, се вели во соопштението од ФЗОМ.
Понатаму се додава дека можноста за увид во сопствениот предмет, дали истиот е позитивно или негативно решен и кога ќе биде извршена исплатата доколку се работи за рефундација на средства, е исто така една од бројните придобвки од електронските услуги.