28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИVolkswagen најпосакуваниот работодавец во Германија

Volkswagen најпосакуваниот работодавец во Германија

vw1

Компанијата „Volkswagen“ е најпопуларниот работодавец за дипломците и младите инженери, покажа истражувањето на Европскиот институт за човечки ресурси.

Вкупно 40 проценти од анкетираните инженери навеле група на компании кои им се омилени.

Околу 18,4 проценти од младите инженери повеќе би сакале да се вработат во „Audi“, 11,6 проценти кај „Porsche“ и 10,7 проценти во „Volkswagen“.

Меѓу деловните бизнисмени секој четврти би сакал да се вработи во „Volkswagen“, 12 проценти во „Audi“, 7,8 проценти во „Volkswagen“ и 7,2 проценти во „Porsche“.

Членот на управниот одбор за човечки ресурси Хорст Нојман изјави дека компанијата „Volkswagen“ со силните брендови и 100 објекти низ светот, на секој вработен му нуди единствени можности за развој и таа секоја година го зајакнува својот тим со околу 10.000 млади лица со универзитетска диплома.

Во истражувањето се анкетирани околу 37.000 студенти кои се при крај со студирањето и 13.000 вработени во 17 сектори. Од споменатите компании, „Volkswagen“ е најпопуларниот работодавец во Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП