18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРА„Последниот џедај“ - oсмото продолжение на „Ѕвездени војни“

„Последниот џедај“ – oсмото продолжение на „Ѕвездени војни“

last-jedi-header

Осмото поглавје од култниот филмски еп и најпопуларен серијал во историјата „Ѕвездени војни“ ќе го носи насловот „Последниот џедај“ (Star Wars: Episode VIII – The Last Jedi), објавено е на официјалниот сајт на оваа научно-фантастична сага.

„Ги имаме најдобрите обожаватели во оваа или која и да е галаксија. Во знак на почит, сакавме тие да бидат првите кои ќе го дознаат насловот на поглавјето од нашата сага: ‘Ѕвездени војни: Последниот џедај’, објави во понеделникот студиото „Lucasfilm“ без дополнителни појаснувања.

Режисер и сценарист на новата серија „Ѕвездени војни“ е Рајан Џонсон. Снимањето на осмата епизода започна во февруари 2016 година во Лондон, на премиерата е закажана за 15-ти декември годинава.

Терминот непосредно пред католички Божик е најдобриот празничен термин, но од 2015 година тоа претставува отстапување од досегашните датуми за почнување на проекциите на „Ѕвездените војни“. Сите дотогашни филмови во дистрибуцијата тргнуваа во мај, а епизодата од 1999 година, заедно со нејзината 3Д верзија од 2012-та заработи милијарда долари.

Осмото продолжение продолжува каде што застана претходниот филм „Силата се биди“, кога Реј (Дејзи Ридли) на врвот од осамената планина му го предава на Лук Скајвокер (Марк Хамил) неговиот ласерски меч.

По објавувањето на насловот веднаш се постави прашањето кој ќе биде последниот џедај? Обожавателите на социјалните мрежи веќе се обложуваат дали тоа ќе биде Сајвокер, Реј или и двајцата, бидејќи ‘Jadi’ може да биде и множина и еднина.

Претходната епизода „Силата се буди“ (Star Wars: Episode VII – The Force Awakens) од 2015 година, на светските кино благајни заработи 1,73 милијарди долари, со што е третиот филм во историјата според заработката по „Аватар“ (Avatar) од 2009 година со 2,79 милијарди и „Титаник“ (Titanic) од 1997 година кој заработи 219 милијарди долари.

Сагата „Ѕвездени војни“ ја осмисли славниот американски режисер Џорџ Лукас во раните 1970-ти години.

Сагата „Ѕвездени војни“ стана најпопуларниот научнофантастичен еп во филмската историја. Нејзините фанови низ светот се обединуваат во клубови, организираат игри, па дури и го исповедаат и ткн „џедаизам“. Насловот „Star Wars“ беше употребен и за програмата на американската одбрана SDI, а фразата „Империја на злото“ првпат ја употреби поранешниот американски претседател Роналд Реган за сметка на тогашниот Советски сојуз.

Првиот филм беше снимен во 1977 година („Нова Надеж“ – Star Wars: Episode IV – A New Hope), вториот датира од 1980 година („Империјата го возвраќа ударот“ – Star Wars: Episode V – The Empire Strikes Back), третиот филм беше снимен во 1983 година („Враќање на џедајот – Star Wars: Episode VI – Return of the Jedi). Епизоди трилогии-сиквели се појавија во 1999, 2002 и 2005 година.

Корпорацијата „Walt Disney“ во октомври 2013 година од Џорџ Лукас за 4,05 милијарди долари го купи „LucasFilm“, творецот на оваа успешна филмска франшиза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП