18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива по влажни коловози, појава на магла на патниот правец...

Сообраќајот се одвива по влажни коловози, појава на магла на патниот правец Велес-Катланово

sneg patista 35

Сообраќајот на патните правци низ републиката се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост од 50 до 100м. има на патниот правец Велес-Катланово и Тетово. Патниот правец Скопје-Македонски Брод преку ЈПУЗПП Јасен е непрооден.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – М.Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово, Катланово-Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен-Буково.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП