9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочеток на трговската недела на МСЕ со висок промет на страната на...

Почеток на трговската недела на МСЕ со висок промет на страната на обврзниците

mk-berza224

Првиот трговски ден на Македонската берза оваа седмица го одбележа обврзницата од деветтата емисија, со промет од речиси 15 милиони денари.

Во понеделникот со обврзницата од деветтата емисија РМДЕН09, во последните десет минути од тргувањето беше истргувано количество од 250.000 лота, во неколку последователни трансакции, по просечна цена од 95,78 отсто.

Вкупниот промет со оваа хартија од вредност изнесуваше 14,7 милиони денари, со што се позиционираше на првото место на листата според остварениот промет.

Уште две хартии се најдоа меѓу „милионерите”, и тоа акциите на две банки: Охридска, со промет од 3,9 милиони денари, и на Комерцијална банка со 3,4 милиони денари.

Акцијата на НЛБ Банка продолжува со пораст на цената, со што повторно ја предводи листата на победници, остварувајќи во понеделникот нов скок од нови 2,99 проценти.

МБИ10 забележа раст на вредноста од 0,39 отсто, додека ОМБ го заврши денот во негатива од 0,54 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП