8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрамп го потпиша указот за излегување на САД од TTP

Трамп го потпиша указот за излегување на САД од TTP

tramp-ukaz-696x447

Американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша во понеделникот указот со кој САД се повлекуваат од трговскиот договор за Трансатлантското партнерство (TTP).

Американската телевизиска мрежа NBC News извести повикувајќи се на извори од Белата куќа, дека Трамп ќе преземе чекори за почнување на преговори за постигнување трговски договори индивидуално со секоја земја потписничка на договорот ТТР

Потпишувајќи го указот во Овалниот кабинет, Трамп го опишал тоа како „нешто прекрасно за американските работници“.

Договорот за Транспацифичкото партнерство, кој беше постигнат под водство на САД откако во 2008 година започнаа преговорите за него, беше потпишан во февруари минатата 2016 година од претставниците на 12 земји и вклучува создавање широка зона на слободна трговија во азиско-пацифичкиот регион. Договорот го потпишаа Австралија, Брунеи, Канада, Чиле, Јапонија, Малезија, Мексико, Нов Зеланд, Перу, Сингапур, САД и Виетнам. Начелниот договор за формирањето на овој трговски блок беше всушност постигнат во октомври 2015 година во Атланта.

Со Договорот за транспацифичко партнерство (TTP) требаше да се отстранат пречките во трговијата и вложувањата меѓу членките потписнички, вклучително и САД и Јапонија, коишто со 40 отсто се застапени во светската економија.

Администрацијата на довчерашниот претседател Барак Обама го сметаше овој договор како една од главните мерки за економско спротиставување на Кина, која не е потписник на ТТР. Сепак, Конгресот на САД, каде што републиканците и пред освојувањето на Белата куќа имаа мнозинство, не го ратификуваа овој документ, со што договорот практично и не стапи на сила.

Новиот американски претседател Доналд Трамп во текот на кампањата веди дека ќе иницира излегување на САД од договорот, веднаш по преземањето на функцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП