10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголемата европска економија ќе расте

Најголемата европска економија ќе расте

berlin1

Германската влада незначително ја зголеми прогнозата за раст на најсилната европска економија на 0,5 проценти за оваа година, додека јануарската проценка беше 0,4 проценти.

Германската економија во 2012 година забележа раст од 0,7 проценти, што е значително послабо отколку во претходните две години, но многу подобро од другите делови на Европа кои се зафатени од рецесија.

Владата остана при проценката дека наредната година растот ќе изнесува 1,6 проценти.

Водечките економисти проценуваат дека растот во оваа година ќе изнесува 0,8 проценти, а наредната 1,9 проценти.

Се очекува дека извозот ќе се зголеми за 1,5 проценти во оваа година, а за пет проценти во 2014 година, а растот на домашната побарувачка се проценува на 0,7 проценти, односно 1,6 проценти во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП