8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворена новата градинка „Штркче“ во Општина Аеродром

Отворена новата градинка „Штркче“ во Општина Аеродром

Strkce

Новата детска градинка „Штркче“ се очекува да ја задоволи потребата од поголем капацитет за згрижување на децата во Општина Аеродром.

Градинката содржи шест големи занимални на приземје и на кат, простор за прием, кујна, санитарни јазли, административен простор и подрумски простории и сето тоа на површина од 1.700 квадратни метри.

Објектот во понеделник го посетија градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, заедно со премиерот Емил Димитриев и министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.

Средствата за новата детска градинка од околу 25 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Општина Аеродром.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП