26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција нема лесно да дели откази

Грција нема лесно да дели откази

G

Грчката влада ги повлече клучните реформи од пазарот на трудот од новиот закон за штедење, по силниот отпор од експертите и несогласувањето на владеачката коалиција.

Влада во Атина соопшти дека ја повлекува одредбата со која ќе се ограничи судската заштита на договорите за вработување во јавниот сектор, а предлогот во текот на денот ќе се најде и пред Собранието, пренесува агенцијата Франс Прес.

Предлог законот е најнова мерка во рамките на драконската програма за штедење, со која Грција се согласи во замена за меѓународна финансиска помош.

Грција се обврза дека оваа година ќе отпушти најмалку 4.000 лица од јавниот сектор, како и уште 11.000 наредната година. Меѓутоа отпуштањата досега беа комплицирани поради долготрајните судски процедури кои ги започнуваа работниците.

Конзервативната влада преложи работниците кои ќе поднесат судска тужба за отказот, да не можат да останат на државниот платен список подолго од девет месеци. Меѓутоа, Атинската асоцијација на адвокати ваквиот потег го нарече кршење на Уставот, а министерот за правда од редовите на левицата Антонис Рупакиотис одби да ја потпише одредбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП