2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОдржано предавање „Светски трендови и стандарди во туризмот“ за македонските тур оператори

Одржано предавање „Светски трендови и стандарди во туризмот“ за македонските тур оператори

PHS-2-696x351

Предавање на тема „Светски трендови и стандарди во туризмот“ беше одржано денес пред македонските тур оператори во Охрид.

Предавањето го одржа светски реномираниот говорник, глобален тренер, успешен претприемач, експерт-консултант, како и објавуван автор и издавач, д-р. Прем Јагијаши.

Д-р Прем, кој е наградуван експерт во туризмот, покрај претставувањето на светските трендови во туризмот и хотелиерството, посебно внимание посвети на медицинскиот и велнес туризам, гранки од туризмот кои сè уште не се доволно развиени во Македонија.

„Денес, покрај светските трендови и стандарди, сакав да ги укажам и можностите за развој на македонскиот туризам пред домашните тур оператори. Моето истражување за состојбата на туристичката понуда, како на Бакланот, секако подетално и на Македонија ми даде можност да ги детектирам предизвиците со кои се соочува македонскиот туризам, и притоа да дадам предлог насоки како може светските стандарди и трендови полесно да се вметнат во туристичката понуда на Македонија. Развивањето на туризмот има големо влијание врз економскиот, социјалниот, еколошкиот и бизнис сектор“, рече д-р Прем Јагијаши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП