22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМобилните апликации во 2016 донеле приход од 89 млрд долари

Мобилните апликации во 2016 донеле приход од 89 млрд долари

03-1438580135-2

Американската компанија App Annie која се бави со анализи во областа на мобилните апликации, објави податоци за маркетот на апликации за претходната година, во кој е видлив големиот раст во однос на 2015 година.

Мобилните апликации во текот на минатата година низ целиот свет и во сите продавници за апликации донеле вкупен приход од 89 милијарди американски долари. Од тоа, 35 милијарди одат на продажбата на апликации во службените продавници како App Store и Google Play, додека останатиот приход оди на огласување и останати извори на приходи. Тоа во принцип значи 40 отсто повеќе во однос на претходната година. Околу две третини од тој износ стигнал преку продавниците на Apple а една третина преку продавниците на Google.

Исто така, бројот на преземања на апликации во двете најголеми продавници на App Store и Google Play е во пораст. Во 2016 година се преземени вкупно 90 милијарди апликации, со годишен раст од 15 отсто. Во овој случај уделите се обратни, па така околу една третина од преземањата на апликации одат на App Store, а остатокот на Google Play продавницата.

Покрај тоа, се бележи и раст на вкупното време кое корисниците го поминале користејќи ги апликациите. Минатата година, корисниците од целиот свет со своите уреди потрошиле околу 900 милијарди часови што е околу 150 милијарди часови повеќе од претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП