11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИCelio* пролет-лето 2017 колекција

Celio* пролет-лето 2017 колекција

celio

За оваа сезона, celio* ве води на патување. За пат околу светот, celio* предлага 6 колекции инспирирани од шест дестинации кои не смеат да се пропуштат оваа сезона:

ТОКИО

Овој голем, светски познат град, колевката на идните трендови и современата мода, секогаш успева да привлече со својата едноставност и спокојство. Celio* црпи инспирација од оваа внимателно контролирана мешавина и предлага канцелариски изглед кој воедно е дискретен и рафиниран, но исто така забавен и строго дефиниран. Базирана на американската работна облека со доза на автентичен јапонски допир, оваа линија прилега на сите облици на тело.
Избледените „винтиџ“ џинс парчиња се комбинираат совршено со живи бои и весели принтови. Облеката за на плажа е во светли нијанси и флуоресцентни бои.

01 celio blouson façon cuir (dos)02 celio bomber coton

34-celio-doudoune-sans-manche 03-celio-sweatshirt-coton 06-celio-t-shirt-coton 08-celio-t-shirt-coton 10-celio-t-shirt-coton

 

 

 

 

13-celio-sac-a-dos-toile-et-cuir-FICANPACK-MUSTARD 19-celio-t-shirt-coton 21-celio-bomber-coton 24-celio-chemise-coton 25-celio-jeans-chanvre 29-celio-blouson 30-celio-parka

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЊУЈОРК

Метежот и вревата на Њујорк и Вол Стрит е она што го инспирираше celio* да креира лежерна и шик линија. Опуштена и реласкирана облека составена од лесни јакни, летни „чино“ панталони и шорцови во секакви бои, „џогинг“ панталони и спортска облека која  се комбинира со најшик парчињата како што се сакоата и класичните панталони.
Колекцијата добива нови форми со обновена техничка прецизност и квалитет.
Неутралните тонови како што е бледокафената боја, морнарско сината и црната се збогатени со пругасти шари кои даваат нова динамика на парчињата.

60-celio-chemise-coton 62-celio-veste-de-costume-laine 65-celio-pull-coton 68-celio-basket-basse 72-celio-pull--maille-coton 73-celio-pull-maille-coton 75-celio-trench 82 celio blouson coton meМЃlangeМЃ GUCOTTON 83 celio derby cuir - GYDERBY

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЛОС АНЏЕЛЕС

Фасцинaцијата од јужнозападниот Американски континент, но поточно од Лос Анџелес и медитеранската клима – сонце, свеж воздух и едноставните линии на пустината , ја креираат инспирацијата за минималистичкиот стил и функционалниот израз „соголен“ од секакви ексцеси. Celio* се концентрира на она што е суштинско и едноставно, лансирајќи линија со „basic“ парчиња кои се обновени со премиум материјали. Меѓу највпечатливите производи се бежовите памучни кратки палта, ветровките со бела качулка со крзно и сиви памучни блузони.

38-celio-sweatshirt-maille-coton 41-celio-pull-maille-coton 42-celio-pantalon-coton 45-celio-sweatshirt-coton 46-celio-bermuda-coton 47-celio-besace 48-celio-basket 51-celio-blouson-facon-cuir 52-celio-jean 54-celio-pull-maille-coton 57 celio blouson lin - GULIN

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

БАЛИ

Ова е перфектна џинс колекција произведена од еден основен тренд – културата придружена со индиго боите.
Од благородниот, природен пигмент кој се користи насекаде во светот, индиго бојата зависи од тоа колку пати материјалот ќе се потопи во бојата.
Од темната нијанса како длабочините на океанот до акварелната боја на лагуните и небото, или пак индиго боја со избледен ефект, сите сини нијанси се комбинираат со многу светли парчиња – бели панталони или бежови бермуди.
Кога ќе настапи жешкото лето, принтовите со листови од палми и тропските мотиви на кошулите и памучните блузи ќе бидат актуелен тренд.
Палетата на бои варира од нијансите кои би можеле да се добијат од влијанието на сонцето и водата. Со оваа линија, celio* комбинира избледен џинс и маици во рачно боени нијанси, како и шорцови и модни додатоци.

102-celio-sweatshirt-coton 106-celio-veste-denim 110-celio-veste-coton 111-celio-pantalon-coton 113-celio-chemise-coton 115-celio-chemise-coton 116-celio-chino-coton 117-celio-chemise-coton-double-face-indigo 119-celio-pull-maille-coton 120 celio sweatshirt coton meМЃlangeМЃ GELEAF 123 celio t-shirt coton GESWELL

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ГАНА

Многу релаксирана колекција составена од графички принтови и разнобоен стил кој влече инспирација од џинс светот. Освен индиго бојата, трендот на боите продолжува во земјени, теракота, бледокафени, кафени и „каки“ џинс нијанси.
Особено внимание се обрнува на принтовите, везовите и деталите. Највпечатливи парчиња се маиците со долги ракави и со војнички везови на задниот дел, кошулите со кратки ракави со геометриски, анималистички и маскирни мотиви, како и избледените памучни бермуди во различни нијанси.

128-celio-chemise-veste-coton 131 celio cargo coton GOCARCA 132-celio-basket 133-celio-chemisette-coton 136-celio-casquette-tresse 139-celio-t-shirt-coton 140-celio-chino-coton 146-celio-bermuda-coton 147 celio chemisette coton GANA1 148 celio cardigan coton meМЃlangeМЃ GERONIMO

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ЊУ ОРЛЕАНС

Бидејќи ништо не е поважно од тоа да уживате во животот, celio* го одбра градот Њу Орлеанс со својата богата историја, кутура и заедница на уметници. Каков што е духот на градот – со уметничка атмосфера и џез култура, поформалната облека е составена од комбинација на нови и стари трендови. Оделата од 50-тите години на минатиот век се достапни во традиционални бои, со палта на преклопување. Овој „градски“ кодекс на облекување открива безвременски изглед со мајсторски финиши и кројачки вештини –различни видови на штепување и контрастни детали на ленените и врвно скроените памучни одела.
Колекцијата е богата и со марами и шалови со ситни, но впечатливи шари, како и шапки од секаков вид.

85-celio-veste-coton 86-celio-chino-coton 87-celio-chapeau 90-celio-foulard-coton 91-celio-veste-coton 92-celio-chino-coton

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Важен новитет во колекцијата на Celio* за оваа сезона е воведувањето на Powerflex технологијата за изработка на фармерки. Уникатноста на вака изработените фармерки се состои во специјалното ткаење кое спојува еластин, памук и полиестер и овозможува 80% еластичност или совршено удобно парче облека и оневозможува деформирање на фармерките со носење (растегнување, проширување, итн.).

Powerflex1 Powerflex2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП