8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ со конференција ја одбележува годишнината од монетарното осамостојување

НБРМ со конференција ја одбележува годишнината од монетарното осамостојување

nbrm1

Народната банка (НБРМ) со конференција на тема „Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата?“ ќе ја одбележи годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.

Конференцијата, како што истакнуваат од НБРМ, има за цел да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите кои изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети кои ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Конференцијата ќе биде организирана во три сесии кои покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции.

Во рамките на овој настан ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП