3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа азиските берзи се тргува внимателно, доларот нестабилен

На азиските берзи се тргува внимателно, доларот нестабилен

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На азиските берзи во понеделникот се тргува внимателно, додека доларот е под притисок откако новиот преседател на САД, Доналд Трамп во првите денови во Белата куќа најави протекционистичка политика.

На берзата во Токио Nikkei индексот во 7 часот беше во минус од околу 8 отсто, додека цените на акциите во Австралија забележаа пад од 0,7 отсто. Берзанските индекси во Јужна Кореа, Хонг Конг, Сингапур и Шангај забележаа раст измеѓу 0,1 и 0,4 отсто, MSCI индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот беше во добивка од 0,4 отсто.

Во Јапонија и Австралија цените на акциите од утро забележаа пад, бидејќи Доналд Трамп на првиот ден во Белата куќа го најави повлекувањето на САД од Транс-Пацифик партнерство (ТPP), договорот за трговија со 12 земји, кои меѓу другите е потпишан и од страна на Јапонија и Австралија.

Во инаугуративниот говор Трамп во петокот не откри нови детали во врска со идните економски политики, на кои инвеститори се надеваа. Посочи дека неговата политика ќе биде фокусирана на тоа да се купуваат американски производи и да се вработуваат американци, како што и многу пати најави во неговата изборна кампања.

Во неделата, Трамп најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Канада и Мексико, во врска со почетокот на новите преговори за НАФТА, Северноамериканскиот договор за слободна трговија. На девизните пазари доларот е под притисок поради најавите наТрамп за протекционистичка политика.

Од ноември минатата година, кога Трамп беше избран на претседателските избори, доларот зајакна благодарение на очекувањата за намалувањето на даноците и зголемување на фискалната потрошувачка за поттикнување на економскиот раст и инфлацијата.

Оттука, се очекува дека американската централна банка ќе го забрза темпото на зголемување на каматите во иднина. Но, во последните неколку недели доларот го изгуби интензитет, меѓу другото поради порака на Трамп, дека силниот долар ми штети на американските извозниците.

Ова утро, девизниот курс на доларот во однос на јапонската валута склизна за 1,1 отсто на 113,45 јени, и се упати кон 112,57 јени, што е најниско ниво во последните седум недели, на кое падна во половина од минатата недела.

Американската валута во однос на европската бележи пад, па така цената на европската забележа раст од 0,4 отсто, на 1,0746 долари, што е највисоко ниво од 8 декември.

Цената на нафтата ова утро забележа благ раст, откако минатата недела ченовите на OPEC а и некои кои не се членови на тој картел заклучија дека договореното намалување на производството е успешно спроведено.

Но, од друга страна, растот на производството во САД ќе го спречи значителниот пораст на цената на “црното злато”. Откако минатата недела остана речиси непроменета, на пазарот во Лондон ова утро, цената за барел се зголеми за 0,2 отсто на 55,58 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП