5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДилемата е решена: Дали повеќе се исплати кредит или кирија?

Дилемата е решена: Дали повеќе се исплати кредит или кирија?

stan

Сигурно сте се запрашале дали е подобро да плаќате кирија или да земете кредит за стан. Одлуката е ваша, а ова е една проста пресметка.

Многу мислат дека парите што ги плаќаат за кирија, можат да отплаќаат месечни рати за станбен кредит.

Но,не. Не е се така црно-бело.

Еве една едноставна пресметка:

Да претпоставиме дека кирија за стан од 50 квадрати во централното градско подрачје изнесува 250 евра месечно. Тој стан да се купи ќе чини 55.000 евра. Така, месечната рата за кредит би изнесувала околу 250 евра, за кредит на 30 години.

Значи, апсолутно не се исплати да враќате кредит, додавајки ги плус каматите што ќе ги исплатите . Освен што за 30 години ќе имате стан, но….. ова е можеби многу долго време.

Да земете кредит или да бидете подстанар е прашање на избор. Вие за 30 години, кога ќе го вратите кредитот, ќе имате стан, а под кирија ќе немате ништо. Значи, бирате помеѓу тоа дали ви е важно да имате имот за 30 години или не ви е важно.

Сепак, животот денес е многу неизвесен.

Дали ќе ја задржите вашата работа, дали ќе се одржи платата на исто ниво…. Затоа не е лесно некој да се одлучи за овој вид на оптеретување како што е станбен кредит.

Посебно е незамисливо задолжувањето на младите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП